Изминатиот викенд во Бигорскиот манастир посветен на светиот и славен пророк, претеча и крстител Јован, со низа свечености и духовна традија, го одбележа раѓањето на Св. Јован – Иванден.

По тој повод во саботата се одржа празнично бдение на кое богослужеа Архимандритот Партениј во сослужение со митрополитот Брегалнички г. Иларион и епископот Хераклејски г. Климент. Вчера се одржа света  архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополит Дебарско – кичевски г. Тимотеј во сослужение со г. Иларион и г. Климент.

Во рамки на свеченостите беше отварена изложба на стари традиционални македонски носии од Дебарско-реканската етнографска целина. Изложбата е во организација на ансамблот „Македонија“, предводен од неговиот уметнички менаџер, проф. д-р Владимир Јаневски.

На Иванден Манастирот беше посетен од илјадници верници и домашни и странски гости кои освен во духовниот мир на манастирот, уживаа во традицијата и настапот на ансамблот „Македонија“.

OhridNews
Фото: Томе Љушев – Шпанец