Малку фали за пажар
Со предупредување за зголемена опасност од пожари деновиве излезе и Националниот парк Галичица.
Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор, а најголем дел од нив се предизвикани намерно или од невнимание, укажуваат од НП „Галичица“. Со цел да се спречи појавата на пожари, националната установа ги информира граѓаните кои живеат и престојуваат на територијата на паркот, дека поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Законот за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.
НП Галичица предупредува на опасност од пожари
Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа забрана ќе превземе мерки согласно законот, предупредуваат од НП „Галичица“.