Македонските навивачи на “Филип Втори“ имаа парола на која пишуваше “Хазард немој да не клоцаш“, со што сакаа да го испровоцираат 40 милиони вредниот фудбалер на Челси. Тој на Купот мечот со Свонси го клоцна детето кое ги додаваше топките што наиде на големи критики во фудбалскиот свет и заработи три натпревари суспензија.

Токму Хазард го постигна вториот гол за “црвени ѓаволи“ на “Филип Втори“ и стави точка на сите надежи за поволен резултат на македонската селекција.

Мх.П.