Бурно и еуфорично, како никогаш до сега, фудбалерите и стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација го прославија историскиот пласман на Европското првенство. Средбата со медиумите, каде требаше да се кажат впечатоците од историската победа се претвори во фешта, откако репрезентативците ја прекинаа прескоференцијата пеејќи песни качени на масата со микрофони и цела опрема од новинарите.

 

Македонија пласманот на ЕП го обезбеди после минималниот триумф над Грузија со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Горан Пандев.

OhridNews

Видео: Охрид еуфорично го слави пласманот на фудбалската репрезентација на ЕП

Историја!!! Македонија преку Грузија во Европската фудбалска елита (видео)