Македонската јавност со голема заинтересираност го проследи дербито во осмата рунда помеѓу Вардар и Пелистер. Во спортските кулоари ова дерби се нарекува уште македонско “ел класико“.

Во голема мера македонското “ел класико“ ги оправда очекувањата. Понуди четири голови, одлична игра, фајтерска борба и крајно неизвесен финиш во кој победници излегоа фудбалерите на Вардар триумфирајќи со 3-1 над “чкембарите“.

Борбата не беше само на теренот за бодовите, него и на трибините. Навивачките групи на Вардар и Пелистер, “комити“ односно “чкембари“ направија незаборавна атмосфера.

Но, вообичаено во Македонија секој поголем спорстки настан не може е да не помине со прекини, влегување на навивачите в терен, вербални расправии со Полицијата. Кога ќе се собере се Македонија заслужува едно вакво фудбалско дерби.

Фото : “Екипа.мк“
Мх.П.