Женската фудбалска селекција во полн состав го одработи последниот тренинг пред утрешниот тест со селекцијата на Албанија. На „црвено жолтите“ после подолга пауза им се приклучија нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова и Гејтана Рочи кои веднаш му беа на располагање на селекторот Кирил Изов.

  • Атмосферата е добра во репрезентацијата и тој факт многу ме радува. Секогаш се чуствувам убаво кога сум дел од селекцијата. Женската репрезентација две години паузираше, а една година јас не играв поради повреда, но седнав со претседателот на ФФМ и генералниот секретар и најдовме заеднички јазик. Сите заедно одработивме два тренинзи и мислам дека дојде моментот да забележиме победа и да ставиме точка на серијата без победа. – изјави Андонова.

Утрешниот меч во Албанија ќе започне во 17 часот. Двете селекции ќе одиграат уште еден в недела во Охрид во 17 часот.

OhridNews