Македонската фудбалска репрезентација комплетна и без проблеми во играчкиот кадар, сабајлево, отпатува за романскиот град Букурешт, кој ќе биде база на „црвено жолтите“ на историскиот прв настап на Европските првенства.
Бидете свои, бидете храбри како и секогаш. Веруваме во вас. Среќен пат! – напишаа ФФМ на социјалните мрежи.
Пред качувањето во авионот и полетувањето за Романија, македонските репрезентативци ги поздрави и испрати премиерот Зоран Заев. Тој им посака многу среќа и успех на континенталниот собир.
А селекцијата на голема европска фудбалска сцена официјално деби ќе го има в недела (19 часот) против селекцијата на Австрија. Потоа, на Македонија ја очекуваат мечевите со Украина и Холандија.
OhridNews