Желбата на Мишел и Селин да ја овековечат својата љубов на брегот на Охридското Езеро, вчера се оствари. Свадбената церемонија се одвиваше во неповторливиот амбиент на плажата “Cuba Libre”, која за таа прилика беше посебно адаптирана. Плажата беше креативно украсена со прекрасни декорации на специјализираното студио “Impact group”, а и небото се погрижи оваа вечер да биде незаборавна подарувајќи им на младите Супермесечина која го осветли Охридското Езеро. Гостите кои ги имаше од сите страни на светот уживаа во прекрасната свадбена забава на плажата “Cuba Libre”, која веќе од утрово повторно е отворена за посетителите.


Магична свадбена вечер во “Cuba Libre”

OhridNews
фото:„Зага продукција“