Женскиот ракометен клуб Лихнид ја продолжи ракометна експанзија во Охрид победувајќи го Вардар во „еден два“ пресметката во една од двете кадетски лиги во Македонија. Избраничките на Филип Јовановски и Билјана Богданова Смилеска покажаа каркатер кога имаа негатива на семафорот и квалитет кога се „кршеше“ натпреварот и заслужено се радуваа на победата. Публиката бодрејќи ги ракометарките во последните мигови од натпреварот одигра клучна улога во победата, затоа „китовите“ со нив ја прославија после завршување на мечот.
„Китовите“ го „секнаа“ Вардар во Охрид
OhridNews