На новиот асфалт на улицата „Васил Главинов“ најмногу му се радуваат децата. Конечно можат да возат велосипед и ролери. Со помош на родителите таму се поставени реквизити кои на најмладите треба да им помогнат да научат што побезбедно да возат. Забавно е велат младите кои во недостиг на повеќе сонце за плажа уживаат во возењето велосипед и ролери.


Летна школа за безбедно возење

Ohridnews