Во рамките од посетата на Охрид за 100-годишниот јубилеј на фудбалот и ФК Охрид, легендарните фудбалери од повеќе генерации на славниот клуб, Црвена Звезда, имаа прием кај градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Дел од претставниците од белградскиот клуб имаа конструктивни разговори со охридскиот градоначалник, кој беше изненаден со дрес од Црвена Звезда на кое стоеше неговото име.

Легендите на Црвена Звезда, денеска, на градскиот плоштад ќе бидат дел од коктел во организацијата на Здружението на ветерани од Охрид, на кој фановите на „црвено белите“ ќе можат да се фотографираат со своите идоли.

OhridNews