Октомври, сончеви и топли денови прекрасни за прошетка покрај езерото. Овие лебеди кои ги затекнавме на потегот од Канео до градското пристаниште претставуваат вистинска атракција. Нивната убавина и грациозност не ги остава рамнодушни ниту децата ниту постарите. Некои ги хранат некои ги фотографираат, а има и такви кои пружаат рака да ги допрат, но тука е таткото лебед кој со раширени крила го чува своето семејство.


Лебедово езеро

Васко Бујароски