Шпанскиот ракометен првак Барселона го претстави Кирил Лазаров, кој е второ засилување по Французинот, Никола Карабатиќ.


Македонскиот репрезентативец на дресот од Барселона ќе го носи бројот „77“ како што беше додека настапуваше во Атлетико Мадрид.

Новата сезона и авантура за Лазаров ќе започне на 5 август кога е закажан стартот на подготовките на европскиот вицепрвак.

Мх.П.