Екипата на Лакочереј обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига југо-запад, откако триумфираше на завршниот турнир кој се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“.
Во финалниот натпревар кој беше исполнет со многу возбудувања и голови, Лакочереј со 5-3 славеше против Вулкан и им се придружи на Охрид и Сатеска во третолигашкото друштво.
Честитки и аплаузи заслужи и екипата на Вулкан која и покрај негативата од 3-0 не се предаде и успеа да се врати до резултатски егал 3-3. Со два голови во финишот Лакочереј дојде до нова предност која на крајот се покажа пресудна за победа.
Со одигрувањето на финалниот натпревар од завршниот турнир во ОФЛ завршија сите мечеви и бубамарата оди на заслужен одмор до почетокот на следната сезона.
Фото галерија:
Четвртиот погодок на Лакочереј за водство 4-3.
OhridNews