Екипата на Лакочереј е победник во бараж мечевите во Општинската фудбалска лига. „Зелените“ во финалето кое се одигра на „Атина Бојаџи“ стадионот ја совладаа Дебрца со 2-1.
Лакочереј, кој во регуларниот дел од сезоната заврши на првата позиција со пресврт во второто полувреме ја обезбеди победата и титулата.
Од исходот на Лабуништа во бараж мечевите за пласман во Втората лига зависи судбината на победниците од општинските лиги во југо-западниот регион дали ќе играат бараж или ќе обезбедуваат третолигашка виза директно.
Фото:
OhridNews