Паузата во македонскиот кошаркарски шампионат, екипите на АВ Охрид и Куманово ја искористија да одиграат контролна средба во СРЦ „Билјанини Извори“.

Победата во квалитетниот тест натпревар им припадна на гостинските кошаркари кои славеа со тесни 85-79. Тренерите на двата состави им дадоа прилика на сите кошаркари, а охридскиот тим настапи без центарот Давид Миладиновиќ кој е повреден.

Охриѓани и кумановчани со мечевите во Првата лига продолжуваат следниот викенд, кога на програмата е 16-то коло. Кошаркарите на АВ Охрид гостуваат кај МЗТ Скопје, додека Куманово ќе се сретне со Кожув на домашен терен.

OhridNews