Во присуство на голем број гости, пријатели, деловни партнери и љубители на добрата забава, синоќа угостителскиот бренд „Кадмо“ го одбележа 18-от роденден.

Присутните уживаа во одличната забава со поп пејачот Ѓоко Танески и групата „No fun“, а за своите посетители понудија и 50% попуст на целото мени во текот на денот.

Успешната приказна на „Кадмо“, препознатлив по одличните забави и концерти секогаш пропратени со голем број посетители, добро расположение и одлична музика, започна во 2006 година. Со истото темпо продолжува да биде дел од квалитетната понуда и синоним за добра и квалитетна забава во градот.

Од „Кадмо“ најавуваат богата програма за деновите околку новогодишните празници, како и за самиот дочек на Новата година.

Фото галерија:

OhridNews

фото. А. Момироска