29 април е Светски ден на танцот, и да не беше пандемијата со коронавирусот Ковид 19, денешниот ден танцовите студија и танцовите групи, ќе го одбележеа со пригодни програми и настапи. Но и покрај корона кризата студиото за танц „Бах“ од Струга и познатата фотографка Кристина Затуровска, изнајдоа креативен начин да го одбележат Светскиот ден на танцот. Овој пат, тие тоа го направија со прекрасна фото сесија во стилот на актуелниот момент, во која учествуваат членовите на студиото за танц „Бах“.

Заштитете се и танцувајте низ животот!

Креативен одговор на корона кризата на членовите на студиото за танц „Бах“

Г.М.
Фото: Кристина Затуроска