Десното крило Наум Костов со 18 погодоци се закити со наградата за најдобар стрелец, додека средниот бек Мартин Ивановски и пивотот Кристијан Димитриески од охридскиот беа вклучени во иделаниот тим од завршниот турнир во Младинска конкуренција кој се одржа во Охрид.
За најдобар ракометар беше прогласен Стефан Додиќ од Металург, а за најдобар голман Мартин Божиновски и двајцата од Металург.
Во идеалниот состав покрај охриѓаните и голманот Божиновски се наоѓаат Дарко Кондев (лево крило) и Стефан Серафимов (десен бек) од Металург, Кристијан Симоновски од КЛ7 Струга беше најдобар лев бек и десното крило од Струга, Ненад Костески.
OhridNews