Коктелот “Куба фешн“ чии состојки се “Водка од малина, трипл сек, џус, ананас и гренадин“ беше доволен да го лансира Костоски меѓу топ три.
– Макотрпно работев на финеси на коктелот што на крај се исплатеше. Во ланското финале за “влакно“ ми избега наградата но оваа година очекував и верував во себе дека ќе се претставам во вистинско светло. Инспирацијата за “црвено – жолтиот“ коктел со кој се пласирав на второто место ја добив од кошаркарската репрезентацијата на Македонија која го освои 4-то место на Европското првенство во Литванија – потенцира популарниот “Роки“.