Викендов во Охрид конечно се почувствува летна атмосфера. Во градот пристигна и првиот помал бран туристи. И покрај променливото време живнаа и охридските плажи, но и шеталиштата и рекретаивните центри. Живо беше на спортскиот центар каде најмладите го бркаа фудбалот пред очите на нивните родители. Врвулица од народ и рекреативци имаше на пешачката патека кон Горица, а на „Бафало бич“ се водеше одбојкарска битка. Голем број луѓе уживаа на плажите во јулското сонце.


Конечно замириса на лето

Ohridnews