Со натпреварите од најстарата генерација 1999/2000 година се комплетираше првата рунда во Детската фудбалска лига во југозападниот регион од Македонија.


Најубедлива победа забележа првата екипа на Академија Пандев која триумифираше со убедливи 5-0 над Фер Плеј. Втората екипа на „академците“ славеше со 2-1 против Влазними додека Велшта со 5-2 го совлада тимот на Воска-Премиер.


Претходно струшкиот Караорман ги прокнижи првите бодови победувајќи го Кораб со 3-0. Мечевите од втората рунда во Детската лига се играат во Струга.

Резултати : ФК Караорман – ФК Кораб 3-0, ФК Велешта – ФК Воска и Премиер 5-2, ФК АК Пандев 2000 – ФК Влазними 2-1, ФК Фер Плеј – ФК АК Пандев (1999г.) 0-5

Мх.П