Неколку навивачи на „црвено црните“ сами во своја режија пристигнаа во Охрид да го бодрат клубот против Металург во 1/8 финалето од Купот на Македонија. Но, односот на релација клуб и навивачи е нарушен затоа тие целиот натпревар го „проследија“ со свртен грб кон теренот.
Нивните миленици успеа да забележат победа над Металург на дуелот во Охрид, но беше пирова откако правилото „гол во гости“ им се насмевна на фудбалерите од „Железара“, кои обезбедија пласман во наредното коло на нционалниот куп.
Мх.П.