Заштитната ограда која е поставена на скалите, кои од пред влезот на Долни Сарај, водат кон куќата на Григор Прличев и манастирот Св.Јован Канео, е значително оштетена. Еден дел од железната оградата е остранет и незаштитениот дел од скалите петставува потенцијална опасност за минувачите.


Поради тоа што отстранетиот дел од оградата не го забележавме во блиската околина на скалите, може да се претпостави дека истиот завршил во рацете на некој “совесен” граѓанин, кој најверојатно  го искористил како старо железо или го употребил за некоја намена во својот дом. Жителите на овој дел од градот сметаат дека оградата треба што побрзо да се поправи затоа што, овој дел од градот многу често го посетуваат и туристите.


Кој ја оштети оградата?
OhridNews