Патоказниот знак кој бил поставен на почетокот на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ во центарот на Охрид деновиве е поместен од своето функционално место и е фрлен на тревникот до тротоарот. Освен тоа што е поместен од својата позиција, на знакот му недостасуваат и неколку таблички со ознаки на улици и локации.

Може да се претпостави дека промената на неговата положба се должи на непознати активности на несовесни граѓани кои случајно или намерно го оштетиле патоказот.

Во текот на изминатиот период, вакви слични оштетувања на патоказните знаци можеа да се забележат и на неколку други локации низ градот.

OhridNews