Филип Филиповиќ од Фото клубот „Кастрон“ од Охрид е добитник на втора награда за фотографија во рамките на 52-рите „Денови на македонската фотографија“.
Настанот кој ќе се одржи во сабота во просториите на Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје, претставува пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година.
Поставката брои стотина фотограии, а ќе бидат доделени и серија награди и дипломи за најуспешни трудови и автори, како и специјалната награда „Благој Дрнков“.
OhridNews