„Засекогаш со нас Градоначакник“ стои на транспарентот со кој вечерва истрчаа на теренот во спортската сала „Билјанини извори“ кошаркарите на „АВ Охрид“ на натпреварот со КК „Пелистер“ од Битола, кој се игра во овие моменти. Вечерашниот настап тие го посветија на големиот поддржувач на спортот и навивач на КК „АВ Охрид“, прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, кој ненадејно замина од овој свет на 15 декември на 48 годишна возраст.

Во знак на почит и сеќавање, клубот на семејството Стојаноски му врачи врамен дрес на КК „АВ Охрид“ со посвета, а натпреварот со Пелистер кој се игра во рамки на 11 коло од Првата кошаркарска лига почна со едноминутно молчење.

Ти благодариме за се што направи Градоначалниче! – истакнаа од КК „АВ Охрид“.

OhridNews