Ракометарките на Лихнид во жесток ритам се подготвуваат за завршниот турнир во кадетската лига кој ќе се одржи в недела во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.


„Китовите“ на годинешниот Ф4 турнир сакаат подобрување на резултатот кој го остварија минатата сезона во дебитанското учество во завршницата кога завршија на четвртата позиција.


– Се подготвуваме во пеколен ритам, бидејќи не очекуваат два мечеви во еден ден. Сите сме среќни што на домашен терен ќе ги играме мечевите од завршницата. Домашниот терен е голема предност и ќе направиме се да ги израдуваме нашите навивачи. – рече Филип Јованоски.


Натпреварите од Ф4 турнирот во кадетска конкуренција на програмата се в недела со почеток од 11 часот.

OhridNews