Женскиот ракометен клуб Лихнид, со вечера во петокот во Лаунџ барот „Лихнидос“, ја заокружи 2019 година и им се заблагодари на поддржувачите помеѓу кои се наоѓаат OhridNews и АД Галеб и други компании од Охрид.

Приказната за женскиот ракометен клуб започна во 2012 година под името Моби Дик, името се смена но курсот и љубовта кон ракометот на групата ентузијасти не, и затоа заслужуваат должна почит од сите во нашиот град.

Клубот низ годините успеваше да се избори за место во Првата лига-победувајќи во Втората лига, да стигне до бронзен медал на Кадетски турнир и да победува на турнири во земјата и странство.

OhridNews