Женскиот ракометен клуб Лихнид ја продолжи победничката серија во кадетската лига совладувајќи го Пелистер со 22-19 (11-11) во Битола во осмата рунда од првенството.


За избраничките на Филип Јованоски и Билјана Богданова-Смилеска ова е трета победа во серија во пролетната полусезона инаку седма вкупно во шампионатот.

Популарните „китови“ во финишот покажаа повеќе храброст и присебност и заслужено со целиот плен се враќаат во Охрид.


Со седум голови најпрецизна во охридскиот тим беше Ивона Блажеска, Викторија Алексиоска постигна 5, Елизабета Крстаноса реализираше 3, Николина Угриноска и Теодора Балоска 2, а по еднаш мрежата ја погодија Тамара Маркоска и Мила Ложанкоска.


Во деветтата рунда од кадетската лига ракометарките на Лихнид ќе го одиграат супер дербито со „вардарки“ кои единствени славеа во дуелот со охриѓанки.

OhridNews