Ракометарките на Лихнид забележаа нова победа во Пионерската лига совладувајќи го составот на Велкова 5 со 24-20 (13-9).
Избраничките на тренерскиот тандем Филип Јованоски – Билјани Богданова Смилевска експресно се вратија на победите по поразот од Метарург 2 во првата рунда од втората полусезона.
„Китовите“ во првиот дел го скршија отпорот на гостите, а стекната предност на полувремето (13-9) ја задржаа до крајот за конечни 24-20.
За охриѓанки ова беше петта победа во седмиот натпревар сезонава со кој се враќаат на врвот од табелата.
Најпрецизна во составот на Лихнид беше Марија Јолеска со осум голови, пет реализираше Николина Угриноска, Тамара Маркоска и Викторија Алексиоска постигнаа по три, Елизабета Крстаноска два, а по еднаш мрежата ја погодија Љупка Спространова и Марија Наумоска.
Мх.П.