Дирекцијата за заштита и спасување, денеска во Охрид реализира вежба на аеро единицата за гаснење пожари.

Авиони од типот „Канадер“ претпладнево можеа да се забележат во низок лет над Охридското Езеро, кое во случај на пожар во поширокиот регион се користи за полнење со вода на специјалните резервоари на противпожарните летала.

Со покачувањето на температурите расте и опасноста од пожари во земјата, а особено критични се сметаат летните месеци, оттаму подготвеноста за брз одговор при евентуална опасност е од исклучителна важност.

OhridNews