Контролните натпревари со Црна Гора и Либан на кои ќе дебитира селекторот Игор Ангеловски ќе означат нов почеток во македонската фудбалска репрезентација.

Атмосферата во А селекцијата е на завидно ниво, а репрезентативците релаксирано играјќи карти, „плејстејшн“ и „фудбалче“ се подготвуваат за предизвиците.


Сепак, новиот селектор ќе има полни раце работа откако „црвено жолтите“ во циклусот квалификации за Европското првенство во Франција резултатски минаа најлошо за што говори 139-то место на ФИФА рејтинг листата.

Ohridnews