Голем дел од 22-та учесници во машка и женска конкуренција на 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон финалните подготовките ги одработија на градскиот базен.

– Речиси сите практикуваме на ден пред маратон да пливаме кратки и брзи патеки. Така ќе го умориме телото и можеме да заспиеме побрзо и подобро, бидејќи за противник го имаме адреналинот кој работи многу. Од денеска јадеме лесна и варена храна и така да почетокот на трката кога конзураме овошје и витамини. – коментираат маратонците.

После тренингот во градскиот базен маратонците имаат технички состанок со организаторите кои им ја презентираа патеката „Климе Савин“ и целта во која ќе пристигнат маратонците.

Мх.П.