Водостојот на Охридското Езеро со месеци е во пораст. Воочлива е разликата речиси во сите делови од крајбрежјето. Тоа може да се забележи и на фотографиите од плажата Сараиште кои екипата на OhridNews ги направи минатиот месец и вчера. Бетонската платформа и скаличките кои на 18-ти февруари уште можеа да се забележат сега се под вода. Засега нема опасност по околните куќи, но граѓаните стравуваат доколку нивото на езерото и натаму се зголемува.


Г.М./Е.Е.