Победата на кошаркарската репрезентација на Македонија над Србија во рамки на ЕП во кошарка, еуфорично беше прославена на главниот плоштад во Охрид.

Охриѓани и синоќа организирано го следеа настапот на кошаркарските репрезентативци на континенталниот собир во Словенија, а за атмосферата да биде вистинска навивачка се погрижија „Рибари“.

Нашата репрезентација денеска е слободна, а утре од 14.30 часот во Јесенице се среќава со БиХ, во можеби клучниот натпревар за пласман во осминафиналната фаза.

OhridNews