Со одлична забава на која присуствуваа голем број гости и пријатели, синоќа беше означен почетокот на работа на реновираниот кафе бар „Кадмо“ во центарот на Охрид.

Новиот, модерен амбиент на „Кадмо“ ги освои охриѓани, на кои ова место им е меѓу најомилените за забава во градот. Внатрешноста на „Кадмо“ е изменета, а креативните детали на просторот му даваат посебна топлина. За претстојните празници „Кадмо“ подготвува специјална програма која ќе биде збогатена со настапите на „Куку леле“, Џони лајв и Јоце Панов.


Кафе барот „Кадмо“ во нов амбиент

OhridNews
фото Емил Јовановиќ