Екипите на Кадмо и Мистер И ќе ги одмерат силите во финалето на 13-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2017“.

Во полуфиналните пресметки Кадмо после изведувањето на пеналите го совлада бранителот на трофејот АСП Пак 4-2, откако регуларниот дел заврши 1-1, додека Мистер И со 2-0 славеше против екипата на Ајдиноски Инженеринг.

Наградниот фонд на овогодинешниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2017“ изнесува 120.000ден. Победникот ќе добие 70 000 денари, второпласираниот 30 000 денари, бронзениот 15 000 денари и четвртопласираниот 5 000 денари. Организаторите обезбедија индивидуални награди за најдобриот играч и голман.

Финалните натпревари се играат во понеделник со почеток во 21 часот.

Фото-галерија: 

OhridNews