Фантастичната амтосфера во Белград.
Почетокот на натпреварот во Сплит.
Партизан во незаборавна атмосфера ги пречекаа расположените “топџии“ кои распукаа со целиот “арсенал“ кои го поседуваат. Но и големите екипи од другите земји можат да му подзавидат за бодрењето на “гробарите“ на своите “црно-бели“ момци.
А дека и ние знаеме да се “обединиме“ се покажа на натпреварот во Лигата на Европа, помеѓу Работнички и најтрофејниот англиски клуб Ливерпул. Арената “Филип Втори“ крцкаше за да се гледаат “црвените“ од Енфилд, но не и да се бодрат “романтичарите“. Жално е да се каже каде е македонскиот бисер, Вардар кој од “петни жили“ врзува крај со крај. Во првата македонска фудбалска лига Вардар е последен на табелата со две победи и шест порази.
И “филмот“ на Пелистер нема среќен крај. Чкембарите го прославија 25-от роденден од нивното постоење, но нивните миленици никако да го вратат стариот препознатлив сјај на стадионот под Тумбе кафе.