На суперлигашкиот натпревар во „Билјанини Извори“ помеѓу Охрид и Прилеп навивачката група „Рибари“ ќе го прослави 25-ти роденден. Сребрениот јубилеј е голема мотивација за охридските ракометари кои горат од желба за победа.

Триумф над прилепските ракометари би бил најдобар роденденски поклон за „Рибарите“ кои подготвуваат неколку изненадување за охридската публика.


Натпреварот од десеттата рунда во суперлигашката конкуренција се игра в сабота во 19 часот.


„Рибарите“ патпт до спортска арена „Билјанини Извори“ ќе го започнат во 16 часот кај стариот чинар.

Мх.П.