Јован Рилков од Варош по четврти пат го фати светиот крст кој во осветените води на Охридското Eзеро го фрли владиката дебарско – кичевски Тимотеј.

Фаќањето на крстот е еден од најубавите чинови што можат да се случат, ова е Господова работа. Досега во животот мене и моето семејство ме следеле само здравје, беирќет и убајна, се надевам дека и натаму тоа ќе биде така. Би им посакал на секој учесник во Водици да успее да го доживее да го извади крстот од Охридското Езеро, изјави Јован Рилков.

На овогодинешнатата манифестација присуствуваа над 20 илјади посетители, а околу 1000 верници се фрлија по осветениот крст.


Јован Рилков по четврти пат го фати светиот крст

фото: Емилио
Ohridnews