Извонреден настап имаа младите уметници на концертот кој се одржа во црквата Св. Софија по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Прославата започна со воведна пригодна беседа посветена на житието и творештвото на Солунските браќа од страна на еминентната професорка по славистика д-р Красимира Илиевска.

Следеа настапите на ученици под уметничко раководство на Викторија Митеска-Малезан (пијано), м-р Даниел Чуркоски (пијано) и Елица Рашкова (виолина).

Официјалниот дел од чествувањето беше заокружен со настапот на пијанистката Викторија Митеска-Малезан.

Настанот беше поддржан од Македонска православна црква, НУ „Охридско лето“, Општина Охрид, Неоком, и ресторан Св. Софија.

OhridNews