Педесет оригинални дела на ликовниот уметник Славко Упевче од синоќа се изложени во Куќата на Робевци. На овој начин беа одбележани 50 години од првата самостојна изложба на познатиот охридски академски сликар.

Станува збор за ликовна уметничка ретроспективна изложба на дела од разни фази на уметничкото творештво на Упевче. По тој повод беше промовирана и неговата монографија.

Изложбата ќе биде отворена до 18-ти јули.

OhridNews
фото Емил Јовановиќ