Изложба на цртежи од струшки атвори отворена во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Концептот на овогодинешната изложба на ликовни уметници е претставување на локалните автори, сликари, ликовни педагози, дизајнери преку цртежот како основна изразна техника во визуелната уметност.

На овогодинешната групна изложба поставени се цртежи во повеќе техники на ликовните уметници Владимир Младеноски, Даме Затуровски, Димитрие Дурацовски, Ѓорѓи Крстевски, Марјан Стојаноски, Милко Нестороски, Лида Шерафатманд, Горан Ристовски, Викторија Попоска, Таиса Чепуњоска, Енкел Дика, Кристина Мукоска Затуровска, Ангела Махоска, Ардита Ала, Стефанија Бетоска, Вјоса Положани, Христијан Томаноски.

Изложбата официјално беше отворена во понеделникот и ќе биде поставено до петок во период од 9 до 19 часот. Досега истата  ја разгледаа стотина посетители, а во тек се и училишни посети.

Фото галерија:

Групна изложба на струшки автори во НУ Центар за култура „Браќа Милановци“

OhridNews

фото. Славица Јовческа