Вечерва во КИЦ „Култура 365“ со почеток од 20 часот, ќе биде отворена изложба на 17 романски фотографи од Букурешкото училиште за фотографија.
Школата е основана пред седум години, а досега ја завршиле 250 студенти. Од почетокот досега, организирани се 45 изложби во Романија, Португалија, Шпанија, Германија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Белгија, Унгарија, Франција и др.
Инаку, изложбата во Охрид е организирана од страна “Scoala de poetica fotografica Francisc Mraz” и “Fundatia Culturala Societatea de Concerte Bistrita”, со поддршка од Мишо Јузмески од КИЦ “Cultura 365”.
OhridNews