Охридскиот ракометен бисер, Иван Тасески ја започна репрезентативната мисија, откако се појави на првата прозивка од селекторот Лино Червар за квалификациските мечеви со Украина и Чешка за Европското првенство во Хрватска за две години.


Поранешниот ракометар на Охрид, а моментално член на битолски Пелистер го помина првиот рез и за прв пат во својата кариера се најде меѓу одбраното друштво.


Селекцијата која не е комплетна започна со тренинзите, а ќе се комплетира со доаѓањето на неколкуте интернационалци кои недостасуваат.


Македонија, премиерниот натпревар од квалификациите ќе го одигра на 2 ноември во среда против Украина во Скопје, а три дена подоцна гостува во Чешка.

Фото: 24ракомет.мк
OhridNews