Околу 30 000 гости престојуваат на охридската ривиера за илинденските празници. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси целосно исполнети. Цените во хотелите се движат од
25 до 70 евра, додека во приватното сместување соба (кревет) може да се изнајми за цена од 4 до 40 евра. Во центарот на Охрид се бара маса повеќе, на шеталиштата е вистинска врвулица, а фрекфентно е и на сообраќајниците, особено кон плажите каде во попладневните часови се создаваат километарски колони. Вообичаено околу Илинден туристичката сезона во Охрид доживува кулминација, а хотелиерите и угостителите се надеваат дека летниот шпиц ќе потрае и во август.
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com