Голем број верници од Охрид, но и од околните градови, како и од соседна Албанија вечерва го исполнија манастирот Св. Наум каде се одбележува празникот посветен на градителот и голем светител Св. Наум Охридски Чудотворец.
Дел од нив пристигнаа во Св. Наум со бродовите „Александрија“, кои традиционално за празникот пловат по симболична цена, а по симболична цена кон храмот на светителот за празникот сообраќаат и автобусите на „Галеб“.
Верниците трпеливо чекаа во долги колони за влез во манастирската црква за да запалат свеќа за здравје и да се поклонат пред гробот на Св. Наум за кој се верува дека има чудотворна моќ.
фото: А. Момироска/Е. Јовановиќ