Активистите на Културолошка иницијатива „5 до 12“ во соработка со ООУ „Григор Прличев“, вчера, со боите на ретките болести обоија еден од пколските ѕидови. Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува месецот февруари како месец на ретки болести.
Оваа е втора акција од ваков тип на К.И. „5 до 12“, кои сакаат повторно да ја заживеат урбаната уметност, графити, мурали, цртежи на ѕид итн. како дел од модерната култура и уметност која на град како Охрид му е неопходна. Во иднина ќе следуваат уште повеќе вакви акции, кои ќе ја разбудат креативноста кај урбаните уметници во Охрид, со што Охрид ќе добие приказни пресликани на ѕид и еден нов модерен урбан изглед. – велат од К.И. „5 ДО 12“, од каде изразија благодарност до ООУ „Григор Прличев“ за креативната соработка.
OhridNews