Сезона е и на свадби. Дел од младоженците свадбите сакаат да ги направат со стил, по свој вкус. Некои изнајмуваат лимузини, други бродови, а на располагање им се и украсени кочии. Една таква впрегната кочија денеска стоеше налицкана на булеварот „Туристичка“. Додека јавачот пазареше во блиската продавница, коњот „мезеше“ од тревата во паркот. И на коњите им треба одмор.


И на коњите им треба одмор

OhridNews